8
Реал Мадрид ќе донира 1 милион евра за настраданите во поплавите кои го зафатија источниот шпански регион Валенсија.
Средствата ќе бидат наменети за кампања за донации што заеднички ја започнаа Фондацијата Реал Мадрид и Црвениот крст, се вели во соопштението на 15-кратниот европски клупски шампион.
Парите „ќе им помогнат на многуте семејства кои моментално се справуваат со критична ситуација и на кои им е потребна сета наша помош и солидарност“, соопштија од мадридскиот клуб.
Катастрофата ги однесе животите на најмалку 155 луѓе во Валенсија. Имаше и уште три жртви во регионите на Андалузија и Кастиља-Ла Манча.
Десетици луѓе се уште се водат како исчезнати по поплавите во вторникот.