Спортинг ја објави точната сума што Манчестер Јунајтед ќе ја плати за Аморим

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Малку порано денеска Манчестер Јунајтед го објави официјалното назначување на Рубен Аморим на чело на клубот, а потоа Спортинг (Лисабон) пак излезе со соопштение кое дава поголема јасност за зделката.

Лисабонскиот гигант додава дека „Олд Трафорд“ ќе плати 11 милиони евра за тренерот и уште 1,650 милиони поврзани со разни додатоци.

Се верува дека оваа дополнителна исплата е поврзана со ослободување на менторот без да мора да истече целото едномесечно известување и неговото право да пристигне кај „црвените ѓаволи“ веќе на 11 ноември, како и неговите тројца помошници.

Самиот Аморим потпиша договор со Манчестер Јунајтед на две и пол години, но со опција за дополнителна сезона. Тој ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ од 11 ноември, а дебито ќе го има на 24 ноември на гостувањето кај Ипсвич.

Слични содржини