Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека акцијата за спасување во Нови Сад е завршена и дека конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.

„Заврши спасувачката акција во Нови Сад. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени“, изјавил министерот Дачиќ, соопшти српското МВР.

Просторот околу Железничката станица е расчистен, а работниците од „Паркинг сервисот“ поставиле заштитна ограда околу делот каде што се случил падот.

Припадниците на Секторот за вонредни состојби при МВР се повлекоа, а сообраќајот во близина на Железничката станица се одвива нормално.

Четиринаесет лица загинаа вчера во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад.

Владата на Србија поради оваа трагедија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост.

Слични содржини