Синџирот за брза храна „Wendy’s“ неделава објави дека во наредните месеци ќе затвори 140 ресторани. Сепак, компанијата планира да отвори еднаков број нови локации на места за кои верува дека ќе донесат подобри приходи.
Рестораните кои се планирани за затворање се, како што објасни извршниот директор на Wendy’s, Кирк Танер, „застарени и лоцирани во области со слаби перформанси“, додавајќи дека нивната финансиска ефикасност е далеку под просекот на системот. Иако беше најавено затворањето, Танер не даде список со точните локации кои ќе престанат со работа и изјави дека тоа не е конкретен регион, пренесува CNN.
Wendy’s спроведе детална евалуација на поединечни ресторани за да се осигура дека ги исполнуваат продажните очекувања, постигнуваат профитабилност што го поттикнува растот и го обезбедуваат препознатливото искуство на Wendy’s за потрошувачите.
– Генерално, системот на Wendy’s е исклучително здрав – рече Танер.
Оваа серија на затворања следи по претходните 100 затворања што Wendy’s ги објави во мај оваа година. Сепак, и покрај брановите затворања, бројот на рестораните на Wendy’s во САД, кои моментално брои околу 6.000, нема да се намали. Синџирот планира да изгради од 250 до 300 нови локации кои ќе се засноваат на технолошки напреден дизајн, воведен во 2022 година, со нови прозорци за носење, модернизирана опрема за кујна и освежен ентериер.
И други франшизи, како „Denny’s“ и „Shake Shack“, најавија затворање на нивните локации кои бележат послаби резултати.