Мицкоски изрази сочувство: Со длабока тага ја примив веста за несреќата во Нови Сад

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени, сподели премиерот на земјава, Христијан Мицкоски.

Васко Саздовски од Македонија е меѓу загинатите на железничката станица во Нови Сад, каде бетонската настрешница падна од зградата на станицата.

Како што дознава „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството.

Директорот на „Биосенс“ Владимир Црнојевиќ ја потврдил веста за „Политика“.

„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработил во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера“, изјави Црнојевиќ за весникот.

Колегите на Саздовски утрото по трагедијата се собраа во Институтот „Биосенс“. Според нив, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и трагичниот петок, 1 ноември.

Слични содржини