Општина Куманово ќе предложи финансиска поддршка за Нови Сад и семејството на загинатиот Саздовски

од Nikola Popovski
31 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Од општината информираа дека градоначалникот во име на граѓаните на Куманово упатува сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во несреќата во Нови Сад.

-Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност“, се огласи и премиерот Христијан Мицкоски.

Сочувство изрази и лидерот на СДСМ Филипче кој во објавата напиша „Овој трагичен настан не потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка“.

Слични содржини