Вашингтон ја става Националната гарда во состојба на готовност, можни немири на денот на изборите

од Nikola Popovski
73 прегледи

Гувернерот на државата Вашингтон, Џеј Инсли соопштил дека ќе ги активира членовите на Националната гарда да бидат во состојба на готовност откако добил информација дека на денот на изборите може да дојде до насилство.

„Врз основа на општи и конкретни информации, како и загриженоста за можноста за насилство или други незаконски активности поврзани со општите избори во 2024 година, сакам да бидам сигурен дека сме целосно подготвени да одговориме“, рекол гувернерот.

Според него, стотици гласачки ливчиња биле оштетени или уништени со употреба на запаливо средство во гласачка кутија во Ванкувер.

По изборите во 2020 година, на 6 јануари, група поддржувачи на актуелниот републикански кандидат Доналд Трамп насилно влегоа во американскиот Конгрес.

Слични содржини