Претставници од администрацијата на приходите на ММФ ФАД во посета на УЈП

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Во периодот од 28 октомври до 1 ноември, Управата за јавни приходи била домаќин на Мајкл Харди и Дмитриј Јегоров, претставници од администрацијата на приходите на ММФ ФАД. Целта на еднонеделната посета била да се направи длабински преглед на зрелоста на клучните функции на даночната администрација, како и да се анализираат резултатите од претходните препораки за развој на капацитетите на УЈП.

За време на посетата, се одржани бројни средби со новото високо раководство на УЈП, со кои активно се разговараше за имплементацијата на претходните препораки и приспособувањето на приоритетите за следната техничка помош.

Посебно внимание е посветено на развојот на стратегиите за обука и поддршка на тимовите, што покажува посветеност кон континуирано подобрување и адаптација на новите предизвици и проектите кои се дел од стратешките приоритети на УЈП.

Новиот сет предизвици и проектите кои произлегуваат од стратешките приоритети на УЈП биле во фокусот на разговорите. На завршниот разговор со директорката на УЈП, Елена Петрова, и со Комитетот за стратешко и реформско управување, посебно внимание е посветено на иницијативите и проектите од новиот стратешки план на УЈП за периодот 2025-2027, како и на Реформската програма на УЈП за периодот 2025-2028 .

„Оваа посета ја истакнува посветеноста на УЈП за континуирано подобрување на даночната администрација и за исполнување на стратешките цели, со цел зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работењето“, се вели во соопштението на Управата.

Слични содржини