Денес во Нови Сад и Војводина е третиот од трите Дена на жалост кои беа прогласени по загинувањето на 14 лица, а тројца се тешко повредени при уривање на надстрешницата на Железничката станица Нови Сад.
Тројцата повредени, кои се на лекување во Клиничкиот центар Војводина, и понатаму се во критична состојба, пишува 021.rs.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад досега сослушало околу четириесет лица во врска со оваа несреќа, а меѓу сослушаните е и министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ.
Жителите на Нови Сад, Степановиќево, Стара Пазова и бројни други градови во Србија, како и во земјите од регионот, на плоштадите палеа свеќи за загинатите во несреќата на Железничката станица.
Од синоќа може да се пристапи до Железничката станица во Нови Сад, но не е препорачливо. Отстранети се полициските ленти кои беа поставени на влезот во таканаречената „потковица“. На влезот во самата станица сè уште има полициска лента.
Граѓаните се повикани од денес повторно да даруваат крв, бидејќи е потребна и за повредените во несреќата кај Железничката станица, како и за други пациенти.
За вторник во 18 часот е најавен протест кај Железничката станица, додека движењето „Крени-промени“ најави дека ќе поднесе кривични пријави против одговорните лица.
Вучиќ: Неверојатно е сè да е реновирано, а само таа настрешница не е реновирана по 60 години
Во петокот, српскиот претседател лександар Вучиќ рече дека сака да им се заблагодари на спасувачите кои цел ден го поминуваат на железничката станица и на работниците кои со своите машини го спасија секој живот што можеше да се спаси.
„Не само Нови Сад, застана и цела Србија. Цела Србија остана без зборови, а во еден момент кога спасувачите успеале да извлечат млада жена, а лекарите веќе биле подготвени да и ја отсечат раката бидејќи била закопана со бетон, па некако успеале да ја извлечат со машини, видов солзи радосници кај тие спасувачи“, рече Вучиќ.
Нема ни да зборувам за оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на власта“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека бара од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и од Владата на Србија најстрого да се казнат одговорните за ова.
„Кога велам Влада на Србија мислам на политичка, но и кривична одговорност“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека е неверојатно се да е реновирано, а само таа настрешница не е реновирана по 60 години. Во исто време, социјалните мрежи се преполнија со архивски објави поврзани со чудни детали од изведбата за време на реновирањето на Железничката станица во Нови Сад.
Nerekonstrukcija nadstrešnice pic.twitter.com/zT6r28E9vK
— Mirko Topalovic official (@mirkotopalovic7) November 1, 2024
17.07.2024. pic.twitter.com/CUMsBznA3v
— Svetlana (@svetlanacenic) November 1, 2024
Našao sam sopstveni snimak iz marta 2022. godine te nadstrešnice nakon nekakvog renoviranja. pic.twitter.com/djwq2H65wO
— Lazar Čovs (@Popravljam) November 1, 2024