Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, призна дека му се јавил на Ерик тен Хаг за да му се извини дека тој и тимот го разочарале Холанѓанецот со нивниот настап на теренот и биле виновни за неговото отпуштање пред само една недела.
„Знаеме дека Ерик си замина. Не е добро за никого во клубот кога менаџерот си оди. Ние не сме најдобриот тим, ниту резултатите не се добри и тој е тој што плати за тоа со својата работа. Секој пат кога менаџерот ќе си замине, мора да преземете дел од вината бидејќи на тимот не му оди најдобро. Полесно е да се ослободите од тренерот отколку од 15 играчи. Разговарав со него и му се извинив. Бев разочаран што си заминува. Се обидов да му помогнам. Не постигнував доволно голови, тимот не постигнуваше и чувствувам одговорност. Обично постигнувам многу, но и да не, секогаш давам 100%. Тој го знае тоа“, рече Фернандеш.