📸Мареска по ремито на „Олд Трафорд“: Судиите го поштедија Мартинез од црвен картон

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, смета дека ударот на Лисандро Мартинез против Кол Палмер за време на вчерашното реми со Манчестер Јунајтед заслужил црвен картон.

Копчињата на Аргентинецот паднаа на левото колено на англискиот репрезентативец, а судијата Роб Џонс оцени дека овој прекршок заслужува само жолт картон. ВАР се согласи со неговата одлука, која според повеќето аналитичари на Островот беше очигледна грешка.

Сепак, овој момент се случи во додаденото време на натпреварот, па не беше толку пресуден за исходот на конкретната средба.

„Мислам дека во овој случај немаше намера да се игра на топката и фаулот беше доволно опасен. Ми беше прикажана реприза пред прес-конференцијата и мислам дека на сите ни е јасно. Судијата донесе поинаква одлука. За мене, кога немаш намера да играш со топка, а целиш само кон противничкиот играч, тоа е црвен картон“, изјави Мареска.

Слични содржини