13
Фудбалскиот клуб Вардар ја информира јавноста дека Срѓан Захариевски повеќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручен штаб.
„Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и посветеност со која ги предводеше црвено-црните и му посакуваме многу успех во иднина“, соопштија од Управата.
Информација
АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката.
АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех.
За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш…— FCVardar (@VardarFC) November 4, 2024
Тој е третиот тренер на Вардар кој е сменет оваа сезона.