Невил: Јунајтед игра како аутсајдер, Аморим мора да го промени тоа

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Првата задача на новиот менаџер Рубен Аморим е да го искорени фудбалот во стил „аутсајдер“ во Манчестер Јунајтед, изјави поранешниот капитен на тимот и стручњак на Скај Спортс, Гери Невил по последователната серија без победа на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата. Тие ремизираа 1-1 со Челзи во неделата кога тимот беше раководен од привремениот менаџер Руд ван Нистелрој.

Аморим ќе пристигне на „Олд Трафорд“ на 11 ноември и ќе го најде тимот на 13. место во Премиер лигата.

„Ова е најлошиот почеток на една сезона во историјата на Манчестер Јунајтед. Десетте натпревари досега беа ужасни, исто како и перформансите на тимот. Играта и резултатите се тесно поврзани и Рубен Аморим ќе мора многу да промени“, изјави Невил.

„Не можеме ни да размислуваме за титула, таа е предалеку. Аморим мора да се обиде да го извлече најдоброто од играчите кои се веќе тука, како и од оние кои ќе ги привлечат во иднина. Овој тим мора да игра поофанзивно и покомпактно како другите водечки клубови. Не зборувам само за Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал, туку и тимови како Брајтон и Тотенхем кои изгледаат агресивно и масивно напаѓаат“.

„Манчестер Јунајтед отсекогаш бил тим кој се впушта во твоето лице и напаѓа, напаѓа, напаѓа. Во моментов нема ништо такво. Многу е разочарувачки и веќе ги броиме деновите до доаѓањето на новиот менаџер. Тој треба да престане да носи играчи кои се со напумпани цени поради интерес од други клубови и кои не успеваат да го достигнат својот предтрансфер потенцијал“.

„Аморим ќе најде одредена група на играчи кои ќе мора да ги искористи во следните осум месеци. Мора да го извлече максимумот од нив, колку и да изгледа тешко“.

Невил, исто така, ги истакна првите три работи што Аморим треба да ги подобри во Манчестер Јунајтед.

„Беше прилично отрезнувачки да се прочита за просечната стартна позиција на нападите на Манчестер Јунајтед. На ова рангирање, Сити е прв, а потоа следат Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Брајтон. Манчестер Јунајтед е десетти. Целта на речиси секој тим овие денови е одбраната да се помести подалеку од голот. Аморим мора да почне со ова, бидејќи Јунајтед често мора да совладува 70-80 метри за да постигне гол.“ – вели Невил.

„Поседот во последната третина исто така треба да се подобри. И во тоа рангирање Сити е прв, потоа Тотенхем, Арсенал трет и Ливерпул четврти. Манчестер Јунајтед е десетти“.

„Мојата последна желба е да престанеме да ја губиме топката лесно. Сити го прави тоа најмалку, потоа Тотенхем, Ливерпул и Арсенал, а Јунајтед е деветти. Тие три работи се клучни за перформансите на тимот. Манчестер Јунајтед игра со речиси целиот тим назад и обидувајќи се да постигне гол на контра или од статична позиција“.

„Тоа мора да се смени. Тие треба да бидат доминантен тим. Навистина доминантен тим. Тие мора да доминираат во последната третина од теренот, да ги скршат напаѓачите на противникот и да излезат високо“.

Невил додаде дека во моментов има 50/50 шанси Ван Нистелрој да остане во Јунајтед.

„Двете опции се можни. Тој може да остане бидејќи многу добро го познава клубот и има талент да тренира. Таков беше на највисоко ниво во Холандија. Тој го сака Јунајтед и знае се за клубот. Тој исто така може да замине затоа што тој е добар менаџер. Тешко дека новиот тренер ќе сака таква личност околу себе. Не дека Руд е таков тип, нема да работи зад грб. Но, каков ќе биде авторитетот на Аморим во присуство на Руд?“, продолжи поранешниот капитен на Јунајтед.

„Доколку Аморим е сигурен во себе, што веројатно е така, тогаш можеби сака некој со него кој има сериозна репутација во клубот и е добар тренер. Тие ќе бидат интересен тандем“.

„Можеби самиот Руд сака да замине бидејќи во сегашната ситуација во Јунајтед нема да биде главен човек. Тој е многу амбициозен и многу успешен. Тој е перфекционист. Како асистент работите нема да зависат од него и не знам ако улогата на број 2 ќе му биде доволна“.

Слични содржини