📸Тешко е да се тргне погледот: Анџелина Џоли изгледа божествено во бело сако

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Анџелина Џоли е позната како жесток вљубеник во минимализмот и неутралните бои од кои ретко отстапува. Колку добро изгледа во овој стил, особено во бело, таа покажа синоќа.

Убавата актерка присуствуваше на уште една премиера на нејзиниот последен филм „Марија“, за кој многумина и предвидуваат големи шанси да освои Оскар, а влезе во театарот Семјуел Голдвин во Беверли Хилс во модно издание од кое тешко е да се тргне погледот.

Тантелестата бела маичка на холивудската икона суптилно се гледаше под снежно белото сако прицврстена со едно копче, со која носеше соодветни скроени панталони во иста боја.

Слични содржини