Нова жртва на македонските патишта: Едно лице загина во сообраќајка кај Рибарци

од Nikola Popovski
464 прегледи

Нова трагедија на македонските патишта. Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман.

Оваа информација ја потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци.

-Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, појаснуваат оттаму.

Од Велешката полицијата потврдија дека на лице место се врши увид.

Ова следи откако во саботата на 2-ри ноември, полицијата информираше дека 56-годишен возач на „сканиа“ загинал откако излетал од регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп.

-Во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У.(56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот, стоеше во соопштението од Битолската полиција.

Слични содржини