Наместо да го продава, Барса подготви нов договор за Де Јонг

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Во изминатиот период, од доаѓањето на Френки Де Јонг во Барселона, имаше различни мислења за него, дали заслужува да игра во тој тим, како и што се случува психички и физички со него.

Сепак, во последно време, особено по последното „Ел Класико“, во кое тој имаше голема улога во победата на својот тим, се чини дека работите се менуваат во корист на Холанѓанецот.

За неговото заминување од каталонскиот клуб се шпекулираше со месеци, но сега работите се сменија во негова корист. Ако им се верува на пишувањата на шпанските новинари, на „Ноу Камп“ нешто се подготвува во врска со случајот со Де Јонг, а тоа нешто е нов договор.

Играчот од средниот ред наскоро, до крајот на тековната година, треба да потпише договор со Барселона и со тоа да го потврди останувањето во Каталонија.

Слични содржини