📷📹Не јаде пржено, слатко, спие 12 часа и троши милион и пол долари да биде фит! Еве зошто Леброн е ѕвер на 40 години

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Леброн Џејмс во декември ќе наполни 40 години, но сепак е еден од најдобрите кошаркари, па на светот му откри една тајна.

Ѕвездата на Лејкерси е ѕвер на теренот, без разлика на годините и покрај тоа што има многу помлади соиграчи, а оваа сезона дури заигра и со синот. Сепак, малкумина можат да му парираат. Во серија на „Нетфликс“, која го следи успехот на најдобрите во светот, тој откри неколку трикови кои му помагаат да доминира во неговите 40-ти. Не јаде пржена храна, спие 12 часа и троши милион и пол година на себе, ова се само дел од триковите што ги откри.

Леброн не пие вештачки пијалоци, не јаде шеќери и пржена храна, додека пак сака природни шеќери и сирова храна. Секако, претпочита органска храна. За појадок, менито на Леброн обично вклучува омлет од белки од јајце со чаден лосос, додека за десерт јаде палачинки без глутен со бобинки. За ручек, Леброн претпочита тестенини направени од пченични зрна, лосос и зеленчук. За вечера Леброн јаде пилешко, салата од рукола.

Кога станува збор за алкохолот, Леброн си дозволува чаша каберне со вечера. Тој тренира во теретана секој ден во неделата, а разбирливо е дека користи што е можно повеќе мускулни групи – како мртво кревање и чучњеви.

Закрепнувањето е една од најважните рутини во животот на Леброн Џејмс. Во процесот на закрепнување, тој користи ледени бањи за да помогне во ублажување на воспалението по напорните натпревари и тренинзи. Придобивките од ледените бањи се ублажување на болката, расположение и будност. Исто така, има корист од хипербаричната комора каде што дише чист кислород под висок притисок. На тој начин, кислородот директно се раствора во крвната плазма, што помага да се доведе телото во подобра состојба. Хипербаричната комора обезбедува дополнителна енергија за подобра состојба на клетките и намалување на воспалението.

Покрај хипербаричната комора, користи и комора за криотерапија за да ги реплицира терапевтските ефекти на ледената бања, намалувајќи го воспалението и болката за многу пократко време. Криотерапијата вклучува стоење во комора каде што гасифицираниот течен азот го лади воздухот околу вас до -200 Фаренхајти.

Но, она што се издвојува како многу важно, можеби клучно во закрепнувањето, е спиењето. Леброн спие 12 часа на ден и дреме неколку пати на ден, на летови или помеѓу тренинзите. Тој мора да спие во строго контролирани услови: температурата во собата мора да биде помеѓу 20 и 21 Целзиусов степен, просторијата мора да биде целосно темна, не користи телефон или гледа телевизија пред спиење, исклучува сè од 30 до 45 минути пред спиење. Во процесот на опоравување, тој користи и терапија со црвено светло, чизми за компресија и топло-ладни купки. Леброн често го нагласува создавањето домашна средина без стрес како важен детал.

Со оглед на тоа колку вложува во себе, сето тоа има своја цена, па годишно троши 1.500.000 долари за да го одржи телото во совршена состојба и на 40 години да биде машина на теренот.

Слични содржини