Трамп доби нова честитка, се огласи Вучиќ: „Заедно се соочуваме со предизвици“

од Nikola Popovski
152 прегледи

Доналд Трамп прогласи победа на американските избори во 2024 година. Иако сè уште не го собра потребниот број електорски гласови, тој создаде недостижна разлика во однос на демократската кандидатка Камала Харис, победувајќи во клучните држави.

На неговата адреса веќе почнаа да пристигнуваат честитки. Заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше еден од најголемите сојузници на Трамп во Европа за време на претходниот мандат на Трамп, честитка испрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Заедно се соочуваме со сериозните предизвици кои претстојат. Србија е посветена на соработката со САД за стабилност, просперитет и мир“, напиша Вучиќ на Фејсбук приложувајќи фотографија од последната средба со Трамп во Белата куќа.

Изборите минаа мирно без поголеми инциденти иако во дел од клучните држави беа забележани лажни дојави за бомби. Властите од Аризона велат дека се со руска адреса, иако според нив, тоа не значи дека доаѓаат директно од Русија.

„Не постои кредибилитет за овие закани за бомби. Потекнуваат од електронска адреса со руски домен, но не значи дека доаѓаат од Русија. Немаме потврдено потекло дека адресата е директно врзана од Руската Федерација“, изјави Адриан Фонте, секретар за државата на Аризона.

Претходно, агенти на Федералното истражно биро уапсија две лица во Мичиген поради политички закани на социјалната платформа Редит.

Слични содржини