„Оваа победа не значи ништо“: Аморим ги разочара навивачите на Јунајтед

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Португалскиот тренер Рубен Аморим вчера се прости од Спортинг Лисабон во победата над Манчестер Сити со 4-1 на стадионот „Хозе Алвелада“.

Импресивен настап на „зелено-белите“ предводени од неверојатниот Виктор Ѓекереш со три гола. Дечко кој сигурно си обезбеди ѕвезден трансфер на лето, како и десетици милиони евра за Спортинг.

Сепак, главна фигура на синоќешниот натпревар беше Рубен Аморим, чиј последен меч беше на клупата на Спортинг. Навивачите на Манчестер Јунајтед се возбудени од доаѓањето на португалскиот стручњак кој го уништи Пеп Гвардиола, а само еден месец потоа ќе се одигра градското дерби. Но, Аморим не сака оптимизмот да биде на највисоко можно ниво и на работите гледа логично.

„Она што можам да ви кажам е дека оваа победа не значи ништо. Практично, не можеме да земеме ништо од ова. Не можеме да пренесеме една реалност во друга. Манчестер Јунајтед не може да игра како што игравме овде и ќе мора да се прилагодуваме на тоа“, изјави Аморим.

Првата разлика е што Аморим во Спортинг најмногу играше со тројца позади, додека во Јунајтед тоа не е така, па ќе биде навистина интересно да се види како ќе изгледаат неговите „ѓаволи“.

Слични содржини