Не е закажана средба меѓу македонскиот премиер и бугарскиот претседател во Будимпешта

од Nikola Popovski
11 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не договорил средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Самитот на европската политичка заедница ќе се одржи утре во Будимпешта.

Мицкоски, сепак, изрази подготвеност да разговара со секого и секаде.

„Подготвен сум да разговарам со секого и секаде врз основа на реален договор кој ќе не одведе до целта, а тоа е да го направиме само првиот чекор“, кажа Мицкоски пред новинарите по средбата со претставници на МАСИТ.

Oд претходно е познато дека Владата ќе чека формирање на стабилна бугарска влада па дури потоа најавува обновување на разговорите, со цел да се одблокира европскиот пат на Македонија и желбата за уставни измени со одложено дејство.

Во меѓувреме, променет е и составот на македонскиот тим од Историската комисија. На чело на комисијата се врати професорот од Институтот за историја, Ванчо Ѓорѓиев, кој еднаш ја напушти комисијата со обвинувања дека се вршат политички притисоци во носењето на одлуките со бугарската страна.

Слични содржини