Владата останува на ставот дека предвремени избори се дополнителен трошок

од Nikola Popovski
30 прегледи

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска кратко порача дека од „Илинденска бр.2“ остануваат на ставот дека предвремени парламентарни избори се само дополнителен трошок.

За случувањата и обвинувањата дека во опозициската СДСМ наводно има раскол меѓу членовите на партијата, за кои велат дека се од кујната на власта, Митева вели дека „очигледно станува збор за политичка опција во која се случуваат голем број проблеми“.

-Како Влада нема да коментираме за тоа што се случува во рамки на нивната политичка партија, рече портпаролката на прес-конференција.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче по собраниската дебата со премиерот Христијан Мицкоски, поканата за предвремени избори по само 5 месеци ја толкува како доказ дека на владата навистина не ѝ оди. Тврди дека Мицкоски кокетира со ДУИ, а испраќа порака на ВЛЕН и ЗНАМ.

-Очекуваме Мицкоски да го одржи зборот, велат во ДУИ. И тие биле подготвени за предвремени избори преку кои би се соочиле со народот.

-Трошок и губење време се предвремени избори. Владата е стабилна и има стабилно мнозинство, скоро ќе брои и 80 пратеници што е две третини, порача првиот вицепремиер, Изет Меџити.

Во ВМРО-ДПМНЕ пак кусо нагласуваат дека односите во владејачката коалиција се квалитетни, а ако Филипче сака предвремени избори, нека поднесе барање со неговите пратеници во Собранието.

Коалицискиот партнер во Владата, Биљал Касами на иста линија со премиерот. И тој смета дека власта има стабилно мнозинство и дека во моментов на државата не и се потребни нови избори. ВЛЕН веќе се подготвува за локалните избори и ги мерка општините кои ги раководи ДУИ.

Опипување на пулсот за предвремени избори: „СДСМ лажно се сили, ВМРО-ДПМНЕ покажува непотребна надуеност“

Слични содржини