Две деца пронајдени и вратени на родителите во Скопје

од Milan1
41 прегледи

Во Скопје денеска биле пронајдени и вратени на родителите две загубени деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало.

Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите.

Исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде била земена од нејзината мајка, информираат од МВР.

Слични содржини