134
Петгодишно дете почина на Детската клиника од воспаление на мозокот. Од Клиниката информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.
Детето било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде и била направена и интубација. Детето кое развило менингоенцефалит, а завчера лекарите констатирале смрт.
За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.