Сопственикот на телевизија „Канал 5“, Емил Стојменов е бугарски државјанин, објавија утрово од бугарската агенција „БГНЕС“. Ова за медиумот го потврдиле извори од три бугарски институции – тамошните Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, како и Дирекцијата која ги обработува документите пред да го издаде указот за државјанство и пасош.
Во текстот на медиумот стои дека Стојменов добил бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло и бугарски идентитет во 2020 година и има валидни документи до 2031 година.
-Имињата во С.Македонија кои имаат бугарско државјанство ќе се објавуваат сè побрзо, поради тамошните кругови кои тврдат дека во Бугарија има кругови кои не сакаат добри односи со Скопје. Ова се обвинувања за земја која најмногу и помогнала на Македонија во последните 30 години, пишува „БГНЕС“ во својот текст.
Во последниот период актуелна беше темата со бугарските документи на министерката за енергетика, Сања Божиновска. Според бугарскиот медиум, една од најблиските соработнички на премиерот Христијан Мицковски, во 2004 година кога аплицирала за бугарско државјанство, изјавила дека нејзината родители биле Бугари.
БГНЕС тврди и дека Божиновска била добро запознаена со целата процедура на издавање на докиументите, и покрај тврдењето на министерката дека и таа како и голем број на други Македонци, поднела барање за бугарско државјанство, исклучиво од економски причини.