Уапсена жена која со измама земала 3.500 евра и ветувала бугарски документи

од Radmila Tasevska

Жена од Кочани присвоила 3 500 евра од две лица од Радовиш ветувајќи им бугарски документи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(42) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра, соопшти полицијата.

Слични содржини