Реал Мадрид минатата сезона забележа 16 милиони евра добивка

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Реал Мадрид пријавил добивка од 16 милиони евра за минатата сезона, пренесува „Марка“.

Приходите на Шпанците изнесуваат 1,073 милијарди евра, што е за 230 милиони евра повеќе од сезоната 2022/2023. Конечната добивка на клубот по оданочување достигна 16 милиони евра, што е за 4 милиони повеќе од лани.

Трошоците за даноци и такси изнесуваат 277,1 милиони евра. Во моментов, буџетот на тимот за следната сезона 2025/2026 е 1,127 милијарди евра.

Информациите наведуваат дека трошоците на тимот се значително намалени оваа сезона. Лани тие изнесувале 504 милиони евра, а годинава 482 милиони евра. Бонусите на клубот за освојување на трите трофеи изнесуваат 40 милиони евра.

Слични содржини