Бразил повторно го кани Гвардиола: „По поразот од 4:1 не сум веќе опција“

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Манчестер Сити претрпе три порази во сите натпреварувања, последниот го имаше во Лигата на шампионите против Спортинг кој во Лисабон славеше со 4:1. Еден од коментарите на Пеп Гвардиола по тој натпревар, кој немаше никаква врска со самиот дуел, доведе до бројни приказни за иднината на Гвардиола.

Пред неколку дена повторно „заживеаја“ приказните за бразилскиот фудбалски сојуз кој сака да го доведе Гвардиола, па едно од прашањата беше токму на таа тема.

„По поразот од 4:1 повеќе не сум опција“, се обиде со шега да ја отфрли оваа тема Гвардиола, но новинарот не се откажа и на крајот доби одговор:

„Имам многу јасна и силна желба да го вратам тимот на врвно ниво (мисли на Манчестер Сити). Предизвикот е голем, но јас сум тука. Од самиот почеток знаевме дека ова ќе биде тешка сезона, но така е. Ми се допаѓа, ми се допаѓа сето ова и сакам да се соочам со проблеми и да се обидам да ги подигнам моите играчи“, изјави Гвардиола и објасни дека Манчестер Сити е единственото нешто што му е на ум.

Сепак, се чини дека повторно имало некакви контакти, а дали може да се наречат преговори или понуда, не се знае.

Гвардиола во неколку наврати изјави дека има желба да води репрезентација на големо натпреварување, а кога ја напушти Барселона пишуваше дека е разочаран што бразилскиот фудбалски сојуз се откажал од идејата да му ја понуди позицијата селектор.

Слични содржини