Американскиот актер Тони Тод почина на 70-годишна возраст

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Американскиот актер Тони Тод, најпознат по улогите во хорор филмови, почина на 70-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Тод почина во средата во својот дом во Марина дел Реј, Калифорнија.

Ќе остане запаметен по главната улога во филмскиот серијал „Кендимен“, како и по улогите во филмот „Ноќ на живите мртовци“ – римејк на истоимениот филм од 1968 година – и во серијата „Последна екскурзија“.

Тод е роден во Вашингтон, а пораснал во Хартфорд, Конектикат, каде што завршил средно училиште.

Студирал на Универзитетот во Конектикат, по што студирал театарска уметност во Провиденс.

Слични содржини