Снег падна и на Водно

од Nikola Popovski
177 прегледи

Во Скопје падна и првиот снег. На повисоките делови од градот, веќе се создава бела покривка. На скопско Водно, веќе има неколку сантиметри снег.

Засега на Водно работи и жичарницата.

Пијанечко-Малешевскиот регион исто така утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

Според УХМР, временто денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно и постудено со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Слични содржини