(ВИДЕО)Невиден скандал во македонскиот женски ракомет: Ќе им бидат одземени лиценците на двата клуба кои си постигнуваа автоголови

од Nikola Popovski
541 прегледи

Невиден скандал се случи во женскиот ракомет во Македонија. За време на натпреварот од групата Б од женскиот куп, Скопје беше домаќин на Гевгелија и доколку камерите не снимаа што се случуваше за време на истиот, ретко кој ќе поверуваше.

Гевгелија славеше со 17:16, но на крајно бизарен начин, бидејќи и двете екипи се обидуваа да загубат. На Фејсбук страницата „Женски ракомет Македонија“ стои дека екипите сакале да загубат за да го избегнат натпреварот против екипата на Ѓорче Петров, против која би немале многу шанси и на тој начин да заштедат пари.

Токму затоа, кон крајот на вториот дел, ракометарките на двете екипи намерно промашувале и си постигнувале автоголови.

Снимката од овој натпревар стигна и до министерот за спорт, Борко Ристовски, кој во телевизиско гостување најави дека денеска двете екипи ќе ги загубат спортските лиценци и нема да можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат.

Погледнете во видеото под текстот како изгледаа последните минути од овој наместен натпревар.

Слични содржини