Барселона во следните десет дена ќе биде без својот напаѓач Роберт Левандовски, а две до три недели без Ламин Јамал, кој е повреден, објави во понеделникот каталонскиот клуб.
Левандовски, кој го одигра целиот натпревар во поразот на Барселона од Реал Сосиедад со 1-0 во неделата, заработи повреда на долниот дел на грбот и ќе ги пропушти двата натпревари на Полска од Лигата на нации во четврток во Португалија и следниот понеделник дома со Шкотска.
Сепак, тој треба да се врати на теренот за следното коло од шпанското првенство на 23 ноември кога Барселона патува во Виго.
Јамал ќе паузира малку подолгo бидејќи го повреди десниот скочен зглоб и не настапи во неделата.
Со двата натпревари на Шпанија во четврток во Данска и следниот понеделник против Швајцарија, младиот репрезентативец на Шпанија сигурно ќе го пропушти патувањето во Виго.
Под знак прашалник е и дали ќе може да игра против Брест во Лигата на шампионите на 26 ноември, па дури и против Лас Палмас четири дена подоцна во Ла Лига.