ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати

од Nikola Popovski
62 прегледи

А што имаше во време на СДС и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа. СДСM во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо. ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда. Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на претходното соопштение од СДСМ во однос на загадениот воздух низ градовите во Македонија.

Од најголемата владеачка партија истакнуваат дека имаат системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување.

-ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина. „Зелениот“ ДУИ и СДС иако отидоа и сами против себе како Јани Макрадули останаа само на празни зборови, стои во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.

Претходно од СДСМ потсетија дека ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема за загадувањето.

-Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје, стои меѓу другото во соопштението од „Бихаќка“.

И додека се најде чаре за аерозагадувањето, лекарите потсетуваат на истите препораки. Заштитна маска, здрава и витаминска исхрана и престој на планина. Нездравиот амбиентален воздух најмногу ги засега срцево болните и оние со респираторни проблеми, но и здравата популација која сè почесто ги полни амбулантите.

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. Според истражувањето над 3.400 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето. Воздухот во затворени простории е уште поопасен, на удар се и децата од градинките и од училиштата. За справувањето во неколку општини УНДП со надлежните институции спроведе истражување.

Слични содржини