Крмов: Власта да се зафати со проблемот со загадувањето, моментално епицентарот е во Кочани

од Nikola Popovski
83 прегледи

Загадувањето е проблем во цела држава. Видовме вчера дека Скопје беше 4-ти град по загаденост во светот, а многу често е и прв. Скоро сите депонии горат. Јас викендов бев во мојот роден град во Штип и тамошната депонија гореше. Сега имаме нова Влада и ново мнозинство и треба да се зафатат со овој проблем, вели пратеникот на Левица, Борислав Крмов за проблемот со загадениот воздух во македонските градови и големиот број депонии што горат по околните места.

Според Крмов, иако постојат обиди на повеќе места за протести против депониите и да се предизвика реакција од јавноста, моментално епицентарот е во Кочани. Тој побара итно да се реши проблемот со депонијата во градот од Источна Македонија.

За проблемот со предлог-законот за бранители, пратеникот не очекува да помине во Собранието, затоа што, како што вели, е жежок костен за владеачкото мнозинство. Мисли дека нема да дојде бидејќи ќе им дојде многу незгодно, смета Крмов.

-За ВРЕДИ не е проблем, тие ќе си гласаат против, но владеачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ставено во незгодна ситуација за да го поддржи. Ние ќе ги искористиме сите собраниски механизми за да дојдеме до решение, констатира пратеникот.

Слични содржини