Азески за средбата меѓу банките и Владата: Не знам зошто во недела, секој си го брани своето

од Nikola Popovski
93 прегледи

Не реков дека нема да пуштат покана. Досега не сум поканет, но слушнав во јавност дека се подготвува таква средба и не знам зошто во недела. Веројатно им треба повеќе време, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески за средбата на банките со Владата за да ги договорат условите за пласман на парите од унгарскиот кредит.

Азески одговараше на прашање дали треба и Стопанската комора да присуствува на состанокот, со оглед дека средствата се наменети за бизнисот.

-Јас соработувам со едните и другите и тврдам дека во делот на банките и бизнисот, си има најпрофесионална структура. Владата има голема одговорност на почеток на мандатот да направи добар потег.

Мислам дека бизнисот овојпат ќе ќари. Ние сме тие што треба да ги искористиме средствата на најадекватен начин – и понатаму извозот да остане приоритет број 1, рече Азески по потпишаниот договор за соработка меѓу Стопанската комора и Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Запрашан дали е изненаден од фактот што банките не попуштаат за каматата, првиот човек на СК вели дека не е изненаден бидејќи, како што истакнува секој си го брани своето.

-И јас да бидам поканет, ќе си го бранам мојот интерес. Јас играм за бизнисот и ќе го бранам бизнисот. Секој треба да си го брани, но да има компромис во интерес кога се работи за државата, додаде Азески.

Слични содржини