Лисандро поради повреда ќе ги пропушти претстојните квалификации за СП

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез поради повреда ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство на Аргентина.

Дефанзивецот се приклучи на тренинг кампот на својата репрезентација, но се мачи со повреда.

Тој треба да се врати во Манчестер каде медицинскиот персонал на „црвените ѓаволи“ ќе ја процени неговата состојба и ќе обезбеди лекување.

26-годишниот фудбалер стартуваше за Манчестер Јунајтед во нивната победа од 3:0 над Лестер Сити минатиот викенд и одигра цели 90 минути.

Сепак, во второто полувреме, на Аргентинецот му беше потребна лекарска помош откако падна на земја по еден удар.

Слични содржини