1,3K
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е подготвен да го пушти Џошуа Зиркзе да си замине во друг тим, тврди Тутоспорт.
Фудбалерот пристигна од Болоња за околу 37 милиони фунти на крајот на летото и потпиша договор на 5 сезони, но влегува во игра најчесто од клупата.
Се вели дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со играчот веќе во јануари и чекаат понуди за него.
Јувентус размислува за опција да го ангажира, можеби на позајмица, но во секој случај играчот нема иднина на „Олд Трафорд“.