Скандал: Уапсен претседател на фудбалски сојуз обвинет за кражба на пари

од Nikola Popovski
47 прегледи

Претседателот на Јужноафриканската фудбалска асоцијација Дени Џордан, кој помогна да се донесе првото Светско првенство во Африка, е уапсен под обвинение за кражба и измама.

Џордан е обвинет дека користел 72.372 долари од фондовите на Сојузот за да ангажира фирма за односи со јавноста и приватна компанија за обезбедување за лична корист.

„Тој беше уапсен по рацијата во просториите на Сојузот во март од страна на Специјалната истражна единица, која заплени голем број досиеја и електронски уреди за понатамошна истрага“, информирал портпаролот на полицијата Катлего Могале.

Џордан бил уапсен со уште еден функционер и бизнисмен и се очекува да се појави пред надлежниот суд во текот на денот.

Тој беше еден од најзаслужните што Јужна Африка беше домаќин на Светското првенство во 2010 година и беше првпат во Африка да се организира најважниот фудбалски турнир во светот. Тогаш Шпанија ја врати „Божицата“ во Европа, а во финалето ја победи Холандија по продолженијата со голот на Андрес Иниеста за 1:0.

Слични содржини