Претседателот на СДА Санџак, Сулејман Угљанин и претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, одржаа работна средба со членови на претседателствата на политичките партиите, во Скопје. Главна тема на работната средба била подобрување на статусот и позицијата на Бошњаците во регионот.
Според партијата, на средбата се анализрале статусот и положбата на бошњачкиот народ во државите на територијата на поранешна СФРЈ, развојот на демократските процеси, како и владеењето на правото. Посебен акцент бил ставен на важноста на европската и евроатлантската интеграција на државите во регионот од Западен Балкан.
-Остварувањето на правата на Бошњаците во согласност со Уставот и законите на земјата во која живеат Бошњаците е од исклучителна важност за зачувување и унапредување на бошњачкиот национален идентитет. Според тоа, на средбата беше заклучено дека е неопходно да се зајакне и поттикне образованието на бошњачките деца на босански мајчин јазик и едукација на наставниот кадар за оваа цел. Како позитивен пример е истакнат ниверзитетот во Приштина, каде што постои Катедра за босански, хрватски и српски јазик.
Раководствата на СДА Македонија и СДА Санџак ја поздравија одличната соработка помеѓу двете политички партии и се договорија да се интензивираат средбите и координацијата во пресрет на политичките предизвици во регионот, стои во соопштението на СДА Македонија.