Најстудено на Попова Шапка -7 степени

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Следат, со -4 степени Маврови Анови и Крушево, -1 во Берово и Крива Паланка, 0 во Прилеп и Битола, 1 во Виница, Скопје-Зајчев Рид, Претор и во Охрид, 2 Штип, Тетово, 3 Кавадарци и Струмица, 4 Велес, Демир Капија и Скопје-Петровец, и 5 степени во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 7 часот утрово, најмногу воден талог од 9 л/м2, има во Берово, 6 во Битола, 5 Претор, 4 Маврови Анови, 3 Скопје-Петровец, Кавадарци, 2 Охрид Струмица, Попова Шапка, 1 л/м2 во Виница, Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и во Тополчани.

Времето денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Слични содржини