Почина еден од тешко повредените пациенти во несреќата во Нови Сад

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Еден од тројцата пациенти тешко повредени од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина денеска во 15 часот во Клиничкиот центар во Војводина, изјави за Танјуг в.д. директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.

(ФОТО+ВИДЕО) Протест против Вучевиќ и Ѓуриќ: Граѓаните на Нови Сад бараат правда за загинатите 14 лица

Слични содржини