Премиерот на Романија „го нападна“ Курти по скандалот на мечот со Косово

од Nikola Popovski
109 прегледи

Натпреварот меѓу репрезентацијата на Романија и Косово беше прекинат во Букурешт во последните минути од натпреварот откако гостинските фудбалери го напуштија теренот поради скандирање на домашните навивачи.

Навивачите на Романија скандираа „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“, што гостите фудбалери го окарактеризираа како расизам.

Иако подоцна беа испразнети делови од трибините, тие одбија да се вратат на теренот и да го продолжат натпреварот, а се чини дека тоа беше однапред смислен план бидејќи во меѓувреме нарачале пица и оставиле хаос во соблекувалната.

Но, не застанаа тука работите, па по скандалот на прес-конференцијата продолжија во ист стил, каде се вклучи и премиерот Албин Курти кој ги пофали играчите за нивната одлука да не се вратат на теренот.

Ова го изнервира премиерот на Романија, Марсело Чолаку.

„Целосно е неприфатливо тоа што го прави премиерот на Косово, кој меша политика со спорт и тврди, по потегот на неговата фудбалска репрезентација да го напушти мечот со Романија, дека ќе врши политички и дипломатски притисок за да не казни. Неговата екселенција залудно се обидува да го претстави виновникот како жртва и – што е уште полошо – сака да изврши политички притисок врз европското фудбалско тело, надевајќи се на илузорна одлука! Директно и јасно му кажувам дека колку и да се труди не може да ја деформира реалноста и дека оди по погрешен пат бидејќи политиката нема што да бара во спортот. Што се однесува до тоа што се случи во петокот вечерта, има само една вистина: виновниците се јасни и тоа не се романските играчи или публиката на Националната арена“.

Фудбалскиот сојуз на Косово најави жалба до УЕФА поради овој инцидент. Тие го пријавиле настанот кај делегатот, кој веднаш почнал да подготвува претставка.

Во нивната првична изјава во саботата, тие девет пати го употребија зборот расизам за да ги опишат настаните на натпреварот.

Слични содржини