Таравари: На седницата на двете влади немаше збор за апсења на припадници на ОВК во Македонија

од Nikola Popovski
147 прегледи

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари изјавил дека на вчерашната заедничка седница на владите на Македонија и Косово во Приштина не се зборувало за прашањето околу апсење на поранешни војници на ОВК во земјава.

„Овој случај не е отворен. Но, додека Ахмети беше во владата, неколку војници на ОВК беа затворени, а само еден случај се случи во последните пет месеци, за време на мандатот на новата влада. Тој војник беше ослободен и денес, за среќа, е на Косово“, рекол Таравари за косовската „RTV21“.

Тој исто така додал дека косовскиот премиер Албин Курти го нема истото влијание како косовската опозиција во судот и обвинителството.

„Дури и притворот на војникот на ОВК во Македонија, кој беше во домашен притвор неколку дена, додека не беше пуштен да се врати во Косово, повеќе беше последица на обвинителството, кое во Македонија го воспостави поранешната власт, односно Ахмети“, истакнал Таравари.

И премиерот Христијан Мицкоски вчера зборуваше за апсењата на поранешните војници на ОВК. Тој на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега рече дека секој што не ги прекршил законите и Уставот на својата земја може слободно да го посети Скопје.

„Што се однесува до лицата со потерници, секој што не ги прекршил законите и Уставот на Северна Македонија и секој што нема конфликт со законите и Уставот, може слободно да дојде на прошетка во Скопје, во Северна Македонија, поканете ги да дојдат, ние сме земја за добредојде“, кажа Мицкоски.

Слични содржини