СДСМ: Најавената гасна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ги нема во предложениот буџет

од Nikola Popovski
89 прегледи

СДСМ и понатаму ја критикува Владата за предложениот Буџет, особено за средствата наменетеи за заштита на животната средина и за подобрување на квалитетот на воздухот. Според најголемата опозициска партија, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.

Според СДСМ, парите за гасификација речиси се преполовени, додека нема ништо предвидено ниту за енергетска трансформација која е неопходна за намалување на загадувањето.

-Ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет. За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги, велат од партијата на Венко Филипче.

Премиерот Христијан Мицкоски веќе информира дека има потенцијален инвестирот кој сака да вложи една милијарда евра во изградба на когенеративна гасна постројка. Тој кажа дека работата на неколку проекти за изградба на когенеративни постројки, кои, според него, се единствениот начин да се намали загадувањето предизвикано од затоплувањето на домовите со дрва, дрвен отпад, а неретко и со гуми од возила.

Главниот град на Македонија во моментов се најде на високото шесто место во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загадување од 158, што го прави опасен за дишење. Според објавеното, Скопје е и втор најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Од останатите градови во регионот, единствено Сараево е во полоша ситуација и се наоѓа на 4-тото место во светот со загаденоста на воздухот со индекс од 187.

Еко-активистите предупредуваат на потребата од итни мерки за справување со аерозагадувањето, кое сериозно го загрозува здравјето на луѓето.

Слични содржини