Тилда Свинтон за крајот на нејзината кариера

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Оскаровката, англиската актерка Тилда Свинтон изјави дека драмата „The room next door“ на Педро Алмодовар, која го освои „Златниот лав“ на филмскиот фестивал во Венеција, можеби е нејзиниот последен проект.

„Секогаш мислам дека секој мој филм е мојот последен. Не сакав ништо да зезнам, бидејќи секогаш уживав од почеток до крај. Секогаш мислев: „Добар филм е, дозволете ми да го завршам. Дозволете ми да сопрам додека има време“. Така се чувствувам и денес. Дека „The room next door“ е мојот последен филм. Ќе видиме дали нешто наеднаш ќе се промени“, изјави Свинтон во интервју за „Ел“.

Актерката позната по улогите во филмовите „Константин“, „Хрониките на Нарнија“, „Хотел Гранд Будимпешта“, „Хаос во најавата“, „Суспирија“, „Три илјади години копнеж“… веќе изјави во 2022 година дека никогаш не планирала долго да глуми во филмови.

Слични содржини