Клоп го менува Симеоне во Атлетико Мадрид?

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп може да го замени Диего Симеоне на тренерското место во Атлетико Мадрид, пренесе „Релево“.

Според изворот, раководството на „јорганџиите“ го избрало Клоп за приоритетен кандидат за замена на актуелниот тренер на тимот, Диего Симеоне, кој го води Атлетико Мадрид од 2011 година.

Клоп летово го напушти Ливерпул и од следната година ќе ја преземе функцијата фудбалски директор на Ред Бул. Пред тоа Германецот ги тренираше Борусија Дортмунд и Мајнц.

По 13 кола, Атлетико е трет во шпанската Ла Лига со 26 бода.

Слични содржини