Федерер му напиша писмо на Надал кое го потресе тенискиот свет: „Сакам да споделам неколку работи…“

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Роџер Федерер му напиша трогателно писмо на Рафаел Надал, во кое признава колку морал да ја приспособи својата игра поради „Кралот на земјата“. Со заминувањето на Надал и Федерер завршува една ера, а Новак Ѓоковиќ останува единствениот од „големата четворка“ во светот на тенисот.

Рафаел Надал кариерата ја завршува оваа недела во Малага, каде денеска ќе се одигра завршниот Дејвис куп турнир. Шпанија во четврт-финалето ќе се соочи со Холандија, но се уште не е познато дали Надал ќе излезе на теренот.

Писмото на Федерер до Рафаел Надал ви го пренесуваме во цеост:

„Вамос, Рафа!

Додека се подготвуваш да ставиш крај на тениската кариера, имам неколку работи да споделам пред да станам премногу емотивен.

Да почнеме со очигледното: ме победуваше – многу пати. Повеќе отколку што можев да те победам. Ме предизвикуваше на начини на кои никој друг не можеше. На земја, се чувствував како да влегувам во твојот двор, а ти ме натера да работам понапорно отколку што некогаш мислев дека можам, само за да ја задржам мојата позиција. Ме натера да ја сменам играта – отидов дури и дотаму што ја сменив големината на главата на рекетот, надевајќи се на каква било предност.

Јас не сум суеверна личност, но ти го подигна суеверието на следното ниво. Целиот твој процес. Сите овие ритуали. Наредуваш шишиња со вода како војници во формација, си ја средуваш косата, го местиш долниот дел од облеката… Сето тоа со најголема сериозност. Тајно, некако го сакав сето тоа. Беше уникатно – беше твое.

И знаеш што, Рафа, ме натера уште повеќе да уживам во играта.

Во ред, можеби не на почетокот. По Австралија опен во 2004 година, за прв пат станав број 1 во светот. Мислев дека сум на врвот на светот. И јас бев – се додека два месеци подоцна не излезе на теренот во Мајами со црвена маичка, покажувајќи ги тие бицепси и ме победи убедливо. Сите муабети што ги слушнав за тебе – за неверојатниот млад играч од Мајорка, талентот на генерацијата, кој веројатно ќе освои еден ден голем турнир – не беше само приказна.

И двајцата бевме на почетокот на нашето патување, а тоа е патување кое сме го патувале заедно. Дваесет години подоцна, Рафа, морам да кажам: Каква неверојатна кариера. Вклучувајќи 14 титули на Ролан Гарос – историски! Ја направи горда Шпанија… го направи горд целиот тениски свет.

Постојано размислувам за спомените што ги споделивме. Заеднички промовирање на спортот. Одиграјќи го тој натпревар половина на трева, половина на земја. Соборувајќи го рекордот на посетеност, пред преку 50.000 фанови во Кејп Таун, Јужна Африка. Цело време се шегувавме. Се изморивме на теренот и тогаш, понекогаш, речиси буквално моравме да се држиме за време на церемониите за трофеи.

Сè уште сум благодарен што ме покани во Мајорка за да помогнам во отворањето на Академијата „Рафа Надал“ во 2016 година. Всушност, јас некако се поканив. Знаев дека си премногу учтив за да инсистираш да бидам таму, но не сакав да ја пропуштам можноста. Отсекогаш си бил пример за децата ширум светот, а јас и Мирка сме среќни што нашите деца тренираа во твојата академија. Тие си поминаа одлично и научија многу – како и илјадници други млади играчи. Иако секогаш се грижев дека моите деца ќе се вратат дома играјќи со лева.

А потоа беше Лондон – Лејвер куп 2022. Мојот последен натпревар. Беше неверојатно да те имам покрај мене – не како мој ривал, туку како мој партнер во пар. Споделувањето на теренот со тебе таа вечер и споделувањето на тие солзи засекогаш ќе биде еден од најпосебните моменти во мојата кариера.

Рафа, знам дека си фокусиран на последниот дел од твојата епска кариера. Ќе разговараме кога ќе заврши. Засега, сакам да им честитам на твоето семејство и тимот, кои сите имаа огромно влијание врз твојот успех. И сакам да знаеш дека твојот стар пријател секогаш навива за тебе и ќе продолжи да навива за се што правиш во иднина.

Рафа, само напред! Твој фан засекогаш.“

Слични содржини