Јуве нема желба да се раздели со коцкарот Фаџоли

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Јувентус нема да се раздели со Николо Фаџоли, објави во вторникот на својот Фејсбук профил италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Весникот „Газета дело спорт“ напиша дека клубот од Торино е подготвен да го продаде 23-годишниот играч за врска за над 25 милиони евра. Играчот од средниот ред е предмет на интерес од францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Романо е дециден дека „бјанконерите“ немаат намера да го продадат играчот од средниот ред во јануари 2025 година, а раководството на парижаните сигурно не работи на оваа зделка.

Во сезоната 2024-2025, италијанскиот репрезентативец, роден во Пјаченца, одигра 9 натпревари во Серија А за Јувентус.

Слични содржини