Потпретседателот на Барселона, Енрике Масим индиректно ј потврди веста дека добиле и одбиле понуда од Пари Сен Жермен од 250 милиони евра за Ламин Јамал на „Камп Ноу“. Тоа се случило непосредно пред почетокот на Евро 2024, каде што крилниот напаѓач одигра клучна улога во освојувањето на европската титула на Шпанија.
Првпат за медиумите веста ја пренесе Жоан Лапорта, кој тогаш не го спомна конкретното име на клубот, но медиумите во земјата веднаш потенцираа дека тоа е ПСЖ. Сега веста ја потврди и Енрике Масим, кој е и советник на Лапорта, кој напомена дека се работи за француски тим, кој уште еднаш индиректно потврди дека се работи за парижани.
„Претседателот веќе кажа дека имал понуда вредна 250 милиони, која ја одбил и нагласи дека никогаш не ја разгледал. Таа дојде од Франција. Па, кога имаш пари и можеш да си дозволиш толкава сума, можеш да се надеваш и да се обидеш да го земеш целиот свет“, изјави Масим во програмата „Ел Чирингито“.
Евентуален таков трансфер би го направил Ламин Јамал најскапиот фудбалер на светот, каде би заменил прилично сличен договор. Во 2017 година, ПСЖ ја плати откупната клаузула на Нејмар од 222 милиони евра и на тој начин го доведе без експресна согласност од раководството на Барселона.