Торес одбил да стане тренер на Депортиво Ла Коруња

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Ливерпул, Фернандо Торес, кој моментално е на чело на вториот тим на „јорганџиите“, Атлетико Б, одбил понуда од Депортиво Ла Коруња, објави шпанското издание „Relevo“.

Тимот од Ла Коруња моментално е на 16-тото место во провизорниот поредок во втората лига на Шпанија со 4 победи, 4 нерешени и 7 порази.

40-годишниот Торес претпочита да ја продолжи својата работа во Атлетико Мадрид во оваа фаза, но не ги крие своите амбиции еден ден да го води сениорскиот тим во неговиот сегашен клуб.

Тој би бил еден од кандидатите за наследник на актуелниот тренер на Атлетико, Диего Симеоне.

Засега нема индикации за непосредна разделба меѓу Симеоне и мадридскиот гигант следното лето, но се верува дека клубот веќе размислува за потесниот список на потенцијални опции за негова замена.

Слични содржини