Села: Албанците овде не се дојдени од некаде туку постоеле со години

од Nikola Popovski
45 прегледи

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села побара од премиерот Христијан Мицкоски да иницира свикување на собраниска седница и да се спроведат уставни измени за укинување на формулацијата „20%“ за албанскиот јазик.

-Ако нема ништо против, ниту други на кои се повикува, да ја укинеме формулацијата и во Уставот да стои само албанскиот јазик, рече Села на прес-конференција во Собранието.

Тој истакна дека „Албанците не се дојдени овде од некаде, за да некој ги карактеризира со некои привремени права. Тука се одамна и овој народ постоел со години и години“. Според него, за тоа покажуваат и „археолошките истражувања кои никнуваат секој ден“.

Дел од тогашните албански опозициски претставници, а сега дел од актуелната Влада, пак, покрај внесувањето на Бугарите во Уставот, бараа и бришење на формулацијата „20 проценти“ и нејзина замена со „албански јазик“.

Слични содржини